22 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle воведува драстична промена во Gmail: Тој пишува меилови наместо вас

Google воведува драстична промена во Gmail: Тој пишува меилови наместо вас

На овогодишната конференција Google I/O, компанијата објави значајни промени што го трансформираат Gmail од класична алатка за е-пошта во вистински AI асистент. Благодарение на подлабоката интеграција на моделот на вештачка интелигенција Gemini, од ова лето корисниците ќе можат да сметаат на уште поголема автоматизација – пред сè кога станува збор за пишување меилови.

Целта на Google е јасна – трошете помалку време пишувајќи пораки, а повеќе време на сè друго што навистина ви е важно.

Gmail кој знае како пишувате

Новата функција наречена Personalized Smart Replies ќе му овозможи на Gemini, со ваша дозвола, да ја прегледа претходната електронска кореспонденција и документи за да креира предложени одговори што го имитираат вашиот личен стил – без разлика дали станува збор за деловна или приватна комуникација.

-Вештачката интелигенција повеќе не е корисна само генерално – сега станува корисна конкретно за вас, рече Барнс од Google, најавувајќи нова фаза на користење на Gemini.

Иако не е откриено колку луѓе веќе ја користат технологијата, се очекува интересот да биде голем. Сепак, Google потсетува дека, како и со секој систем со вештачка интелигенција, потребно е да се прочита одговорот пред да се испрати, бидејќи е можно понекогаш да има грешка – која, на пример, би можела да биде незгодна во меил до шефот.

Кога доаѓа и колку чини?

Новата AI функција за паметни одговори ќе биде достапна прво на англиски јазик, а потоа на сите платформи – веб, Android и iOS. Во јули, влегува во алфа фаза преку Google Labs, а се очекува да стане широко достапna во текот на третиот квартал.

Важно е да се напомене дека оваа функција ќе биде дел од платените пакети, поточно претплатите на Google Workspace и Google One AI Premium. Сепак, постои можност во иднина да стане достапнa за бесплатни корисници, нагласува компанијата.

Gemini презема уште повеќе работа од Gmail

Покрај персонализираните одговори, Gmail добива уште неколку нови опции:

-„Чистење на inbox“ – со помош на Gemini, корисниците ќе можат автоматски да бришат е-пошта од одредени испраќачи што не ги прочитале.
-Паметно закажување состаноци – Gmail ќе понуди состаноци од вашиот Google календар во реално време.

И двете карактеристики пристигнуваат во текот на третиот квартал од 2025 година.

AI функциите доаѓаат и во други услуги на Google

Google, исто така, објави напредна функционалност на вештачката интелигенција за остатокот од својот пакет Workspace:

-Google Meet добива превод на говор во реално време.
-Google Vids воведува аватари со вештачка интелигенција.
-Google Docs му овозможува на Gemini автоматски да собира податоци од поврзани документи и да ги користи при пишување содржина.

Заклучок? Gmail повеќе не е само алатка за е-пошта – тој станува персонализиран писател, организатор и секретарка, кој го познава вашиот стил и навики. Со помош на Gemini, иднината на е-поштата звучи – сосема автоматизирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП