Вчерашниот мал пораст на индексот на Франкфуртската берза денес се претвори во нов рекорд.
Индексот на Франкфуртската берза, DAX, денес се искачи на нова рекордна вредност и ја премина границата од 24.000 поени. Според податоците од берзата, вредноста на индексот DAX во 12:35 часот изнесуваше 24.060,16 поени, што претставува зголемување од 0,52 проценти во споредба со претходниот ден.
Лидери на моменталниот раст се енергетската компанија RWE со 3,06 проценти, како и Siemens Energy 2,56 проценти и здравствената компанија Fresenius 1,97 проценти, пренесува Танјуг.
Акциите на Rheinmetall, Allianz, Siemens Energy, Deutsche Telekom, SAP и BASF се најтргувани, според веб-страницата на Франкфуртската берза.
На европскиот пазар преовладуваше благ „геополитички“ оптимизам, по вчерашниот телефонски разговор меѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин.
По разговорот, Трамп изјави дека Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот, додека официјалниот Кремљ беше малку порезервиран и предупреди дека процесот ќе потрае, објавија медиумите.