Македонски Телеком воведува нова дигитална тарифа за млади – „W“, специјално дизајнирана за Генерацијата Z, со фокус на флексибилност, брзина и ексклузивни Magenta Moments пoнуди. Во духот на начинот на комуникација и навиките на младите, „W“ носи три главни поволности: неограничени разговори, 50GB мобилен интернет и 5G брзина.
„„W“ е многу повеќе од тарифа; тоа е еден нов концепт наменет за младите, прилагоден на нивниот начин на живот, што ќе им овозможи да бидат постојано поврзани, да споделуваат, да комуницираат или да гејмаат неограничено со гигабитни брзини. Но нашата цел исто така беше да им понудиме нешто сосема ново и различно. Токму затоа се вклучени и ексклузивни поволности преку Magenta Moments, коишто ќе донесат максимална вредност за младите корисници.“ – истакна Емилија Андоновска, Главен комерцијален директор за приватни корисници.

