3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСЈ Компани: Во целост ќе ги исполниме обврските кон вработените во Мекдоналдс

СЈ Компани: Во целост ќе ги исполниме обврските кон вработените во Мекдоналдс

mkdon

СЈ Компанијата денеска соопшти дека со мало задоцнување ги исполнува правата од работниот однос на вработените во скопските ресторани на Мекдоналдс, кои неодамна беа затворени.

Компанијата ќе ги исполни сите преземени обврски кон вработените и покрај тоа што рестораните не работат шест месеци, се посочува во денешното соопштение.

Рестораните на Мекдоналдс во Македонија беа затворени во првата половина од оваа година и како што посочуваат од СЈ Компани, откако централата на Мекдоналдс ненадејно и еднострано го прекина договорот.

– Иако првично беа планирани три месеци, од 13 мај 2013 година компанијата на вработените им ги обезбедува, во последните два месеца со извесно задоцнување, правата од работниот однос, и покрај тоа што рестораните не остваруваат приход веќе шест месеци.

Во врска со состојбата и можностите, вработените се навремено известени, информираат од СЈ компани.

Компанијата СЈ во меѓувреме побарала од надлежните судски органи да донесат времена мерка за отворање на рестораните до завршувањето на правните процедури помеѓу двете компании.

– Овој чекор е преземен, пред се за да се задоволи интересот на вработените, но и интересот на потрошувачите и на заедницата. Сепак, досега немаме никакво известување за ова наше барање, со што се блокира можноста за повторно отворање на рестораните и враќање на вработените на своите работни места, се наведува во соопштението.

Поради тоа што и понатаму надлежните судски органи не се произнесуваат по барањето, компанијата СЈ ќе биде приморана да ја реорганизира работата според новонастанатата ситуација, почитувајќи ги законските рамки и обврски, за што вработените ќе бидат навремено известени.

Во меѓувреме, како што се наведува во соопштението, компанијата СЈ е во преговори со други субјекти, обидувајќи се и на таков начин на вработените да им отвори можности за понатамошен работен ангажман во други компании со слична дејност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП