8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали знаевте дека Porsche Cayenne го може ова? (видео)

Дали знаевте дека Porsche Cayenne го може ова? (видео)

porshe cayyennene

Иако „Cayenne“ има репутација на „урбан теренец“, чии сопственици не се осмелуваат да го возат овој автомобил надвор од рамните, асфалтирани патишта, „Porsche“ и натаму се обидува да ги убеди во спротивното.

Со оглед на високата цена на автомобилот и навиките на најголемиот број на купувачи на моделот „Cayenne“, сте размислиле ли дека „Porsche“ нема да вложува премногу енергија да докаже дека ова возило е подеднакво способно да се избори со нерамните и стрмни терени, како и на тркачката патека. Погрешно!

Германскиот производител е горд на универзалните особини кои ги поседува нивниот „SUV“, па нормално е дека во секоја можност ќе се обидат да се пофалат со нив. Тоа го сторија во јуни, кога организираа караван во кој се наоѓаше група на возила „Cayenne S Diesel“, кој помина низ Карпатите.

Овојпат, „Porsche“ не одведе на тест-центарот во Силверстоун се со цел да ни ја открие двојната личност која се крие во моделот „Cayenne Turbo S“.

Иако „Cayenne Turbo S“ пред се е расен спортист кој е опремен со 4.8 литарски V8 мотор со 550 ks и максимален вртежен момент од 750 Nm, „Porsche“ во прв план ги истакнува неговите способности во совладување на тешките терени.

Така, на пример, овој автомобил е во состојба да совлада пречка која се наоѓа под агол од 45 степени и да се движи по терен чиј страничен наклон е 40 степени.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП