Минатата година, „DS Automobiles“ нè почести со луксузниот модел „N°8“ со опции од 230 ks и 350 ks (плус дополнителни додатоци). Сега, „DS N°4“ претставува нов израз во сегментот на хечбек возила, а целта на производителот беше да создаде „дизајн што ги балансира перформансите и елеганцијата“.
Дизајнот е оптимизиран така што сега има нова црна решетка која е многу поширока од претходно, а под неа се наоѓа светлосен потпис инспириран од моделот „N°8“. Светлосната линија се протега сè до логото на „DS“ во центарот.
Димензиите на моделот се 4.400 mm x 1.870 mm x 1.470 mm, а сите погонски склопови доаѓаат со 19-инчни тркала, со можност за вградување на 20-инчни за plug-in хибридниот погон. Исто така, се размислуваше за аеродинамиката, па затоа клиренсот од земја беше намален за 10 mm.
Кога сме кај погонските склопови, сите се електрифицирани, па така „DS N°4“ се испорачува во три варијанти: хибрид со самостојно полнење, хибрид со приклучок и нова 100% електрична верзија.

Во 100% електричната верзија, декларираниот досег е 450 км, што се постигнува со батерија од 58 kWh. Перформансите се обезбедени од 213 коњски сили и 343 Nm вртежен момент. Друга карактеристика што „DS Automobiles“ ја истакнува се трите режими на рекуперација: „D“ за ниско обновување на енергијата, „B“ за умерено обновување на енергијата и „B+“ за зголемено обновување на енергијата.

Кога станува збор за „plug-in“ хибрид, погонскиот склоп се состои од бензински мотор од 180 ks и електричен мотор од 125 ks. Вкупната комбинирана моќност е 225 ks со 360 Nm вртежен момент, а од 0 до 100 км/ч забрзува за 7,1 секунда. Може да помине 81 километар само на електрична енергија.

Внатрешноста зрачи со софистицираност, нагласена со адаптивно амбиентално осветлување во вратите, кое дискретно ги истакнува страничните линии и создава смирувачка атмосфера во кабината.
Аудиофилското искуство е збогатено со опционалниот аудио систем „FOCAL ELECTRA“, кој со своите 14 звучници и моќност од 690 вати, во комбинација со стандардни предни и задни акустични странични прозорци, гарантира исклучително јасен звук.
Благодарение на меѓуоскиното растојание од 2,67 метри и ширината од 1,87 метри (со склопени ретровизори), „N°4“ нуди пространа кабина и многу практични прегради за складирање.

Сите патници уживаат во удобен простор за лактите и нозете, како и доволен простор за главата, и напред и назад. Предните седишта се достапни и со функции за греење, вентилација и масажа кај моделите со кожен тапацир.

Волуменот на багажникот на моделот „N°4“ е 430 литри за „HYBRID“ верзијата, 360 литри за „N°4 PLUG-IN HYBRID“ и 390 литри за новиот 100% електричен „N°4 E-TENSE“. Со практично низок праг за товарење, багажникот на „N°4“ е лесно достапен благодарение на вратата од багажникот што се отвора без раце.