19 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ќе предложи капитално неутрални регулаторни промени до крајот на годината

ЕЦБ ќе предложи капитално неутрални регулаторни промени до крајот на годината

До крајот на годината, работна група на високо ниво на Европската централна банка (ЕЦБ) ќе предложи мерки неутрални за капиталот за поедноставување на европските банкарски правила. Ова го објавија европските министри за финансии оваа недела, додека дебатата за регулаторното оптоварување во блокот се интензивира.

Според луѓе запознаени со материјата, обемот на работата вклучува структура на капиталот на банките, имплементација на финалниот пакет Базелски реформи, барањата за известување од доверителите и нивниот надзор. Работата ја извршуваат групата гувернери на еврозоната и членката на Надзорниот одбор на финансиската институција со седиште во Франкфурт, Шерон Донери.

Работата ќе биде завршена до крајот на годината, така што промените ќе можат да им бидат презентирани на пратениците до почетокот на 2026-тa година.

Капитално неутралниот пристап ќе ги разочара некои земји и банки кои се надеваа на намалување на износот што банките мора да го чуваат во резерва за покривање на неочекувани загуби. Ова би можело да служи за двојна намена – стимулирање на европската економија преку поттикнување на кредитирањето и зголемување на профитабилноста на банките.

Анализата на ЕЦБ ќе биде завршена пред прегледот на финансиската регулатива на Европската Унија (ЕУ), кој Европската комисија (ЕК) веќе го забрза за две години – до крајот на 2026-та година. Ова може да биде одговор на дел од критиките од францускиот претседател Емануел Макрон, кој во четвртокот изјави дека Европа ризикува да „заостане“ зад другите јурисдикции кои брзо се движат кон ревидирање на нивните погломазни правила. Откако американскиот претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари, САД веќе го намалија бројот на регулаторен персонал, ги суспендираа правилата и назначија други за преглед, додека Велика Британија најави разни промени во правилата кои се поволни за индустријата.

Брифингот на министрите за финансии, исто така, ја потврди посветеноста на ЕЦБ да се стреми кон поедноставување, а не кон дерегулација. Сепак, во четврток, претседателот на Европскиот банкарски орган, Жозе Мануел Кампа, предупреди дека дури и овој пристап може да биде опасен.

„Прекумерното поедноставување носи сериозни ризици“, рече Кампа во својот говор на годишниот генерален состанок на Меѓународното здружение за свопови и деривати, додавајќи дека за време на финансиската криза, „непроѕирните проценки на ризикот го влошија системскиот ризик, истакнувајќи ја потребата од внимателно калибрирање на регулаторната едноставност и прудентната регулатива“.

Во меѓувреме, главниот финансиски директор на ЕК, Џон Бериган, нагласи дека иако извршната власт на ЕУ била „соучесничка“ во премногу сложената регулатива, „комисијата не може сама да постигне поедноставување“.

„На крај, но не и најмалку важно, „ова ќе бара промена од нашите долго воспоставени национални преференции“, напиша Бериган во објава на „LinkedIn“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП