25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициските можности во Македонија презентирани на Конференција во САД

Инвестициските можности во Македонија презентирани на Конференција во САД

mizo

Инвестициските поволности во Република Македонија беа претставени на годинашната јубилејна 15-та конференција во организација на Здружението на авторизирани производители на автомобилски компоненти (Original Equipment Suppliers Association) – ОЕSA 2013 Outlook Conference, што се одржа синоќа во Детроит, САД.

На настанот, кој е најголем од овој тип во светот, присуствуваа повеќе од 750 делегати меѓу кои и најважните производители на автомобилски компоненти и возила од Северна Америка, Европа, Азија, како и од Јужна Америка.

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, во придружба на економскиот промотор во Детроит, Дејан Величков, ги претстави поволностите за инвестирање во Македонија преку директни контакти на поединечни средби и преку презентации.

– Со остварените контакти на овој настан се зголемуваат можностите за влез на странски инвестиции од автомобилската индустрија во земјава, стои во соопштението од Дирекцијата за ТИРЗ.

За време на конференцијата се посочува, остварени биле и дополнителни средби со компании со кои веќе подолго време се разговара за реализација на конкретни инвестициски проекти.

Инаку, презентации на конференцијата одржаа врвни луѓе на Ford Motor Company, Honda Motor Corporation, Toyota Motor Engineering & Manufacturing,  General Motors како и Inteva Products, а од страна на експерти беа презентирани и перспективите на индустријата на глобално ниво во 2014 година.

Освен Македонија, штанд на овој настан имаше и Канада, а присуствуваа и претставници од Мексико, Германија, Италија и бројни држави од САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП