15 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОткриено е како секоја генерација го користи „ChatGPT“

Откриено е како секоја генерација го користи „ChatGPT“

Извршниот директор на „OpenAI“, Сем Алтман, неодамна ги сподели своите впечатоци за тоа како различните генерации го користат „ChatGPT“.

Алтман зборуваше за ова на неодамнешниот настан „AI Ascent“ во САД.

Од замена за пребарувач до менаџер за животни одлуки

„Груба генерализација, но, да речеме, постарите луѓе го користат ‘ChatGPT’ како замена за ‘Google’“, рече Алтман.

Тој забележал дека корисниците во нивните дваесетти и триесетти години често го гледаат како советник за живот, додека студентите го користат како оперативен систем, објавува „Business Insider“.

„Тие всушност го користат како оперативен систем. Тие имаат сложени начини за поставување за поврзување со разни датотеки и имаат прилично сложени барања меморирани во нивните глави или некаде на друго место што ги користат често“, објасни Алтман.

Алтман нагласи дека некои студенти одат дотаму што го користат „ChatGPT“ за да донесат важни животни одлуки.

„Исто така, постои и таа работа каде што тие всушност не донесуваат животни одлуки без прво да го прашаат „СhatGPT“ што треба да прават. Има целосен контекст за секоја личност во нивниот живот и за што зборувале“, рече тој.

Податоците од „OpenAI“ и истражувањата ги потврдуваат набљудувањата

„OpenAI“ објави во февруари дека студентите во САД го користат „ChatGPT“ повеќе од која било друга група. Анкета на истражувачкиот центар Пју од јануари 2024-та година покажа дека 26% од американските тинејџери на возраст од 13 до 17 години го користеле „ChatGPT“ за училишни задачи, што е зголемување во споредба со 13% во 2023-та година.

Алтман исто така рече дека „ChatGPT“ пишува голем дел од „OpenAI“ кодот, но не кажа точно колку. Ова значи дека самите инженери на „OpenAI“ го користат „ChatGPT“ како алатка што им помага да пишуваат код, слично како и другите програмери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП