14 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Porsche“ ги одложува електричните модели на „718“ и големиот „SUV“? (ФОТО)

„Porsche“ ги одложува електричните модели на „718“ и големиот „SUV“? (ФОТО)

Германските медиуми објавуваат дека електричниот спортски автомобил можеби нема да пристигне пред 2027-ма година, додека теренецот може да се одложи уште повеќе.

„Porsche“ предвиде дека електричните возила ќе сочинуваат повеќе од 80 проценти од годишната продажба до крајот на деценијата, цел што последен пат беше потврдена во март 2024-та година.

Сепак, таа цел сега изгледа сè помалку реална. „Porsche“ уште еднаш ја демонстрираше својата долгорочна посветеност на моторите со внатрешно согорување со лансирање на замена за првата генерација на „Macan“ со бензински мотор во наредните години.

Дополнително, „Panamera“ и „Cayenne“ ќе ги задржат своите „SUS“ мотори и до 2030-тите.

Според новиот извештај објавен од „Automobilwoche“, „Porsche“ наводно паузирал два клучни проекти за електрични возила.

Електричниот „718“ и новиот „SUV“ со три реда седишта, наводно, се одложени – не само поради послабата од очекуваната побарувачка за електрични автомобили, туку и поради банкротот на добавувачот на батерии „Northvolt“.

Ова одложување влијае на лансирањето на електричните модели „Boxster“/„Cayman“ и електричниот „SUV“ кој треба да биде позициониран над моделот „Cayenne“.

Во одбрана на „Porsche“, компанијата никогаш не даде точен датум на пристигнување за новата генерација „718“.

Во март, портпаролот Стефан Мајер-Улман изјави дека електричните спортски модели се очекуваат „во средината на деценијата“.

Тој исто така рече дека електричниот „Boxster“/„Cayman“ ќе дојде по електричната верзија на моделот „Cayenne“.

Електричниот „718“ првично требаше да биде лансиран прв, но тој редослед е променет. Електричниот „SUV“ сега е закажан за лансирање подоцна оваа година.

Сепак, датумот даден од „Automobilwoche“ – 2027-ма година за електричниот „718“ е значително доцна во споредба со „средината на деценијата“.

Во меѓувреме, помина речиси една година откако „Porsche“ ги повлече бензинските верзии на „Boxster“ и „Cayman“ од европскиот пазар поради новите закони за сајбер безбедност.

Ограничените серии, како што се „Cayman GT4 RS“ и „Boxster RS ​​​​Spyder“, се ослободени од забраната.

Производството на сегашната генерација на моделот „718“ треба да заврши подоцна оваа година, како што потврди шефот на производството, Албрет Рејмолд, во интервју од јули 2024-та година.

Доколку се одржи тој распоред, „Porsche“ ќе биде без „Boxster“ и „Cayman“ во својата понуда околу две години.

Што се однесува до големиот „SUV“, „Porsche“ првпат го објави проектот пред три години на прес-конференција.

Внатрешно именуван „K1“, новиот модел ќе ја користи механичката платформа „SSP Sport“ развиена во рамките на групацијата „VW“.

Извршниот директор Оливер Блум го опиша идниот водечки модел како возило кое нуди „силни перформанси“, „функции за автономно возење“ и „сосема ново искуство“ во кабината.

Но сега „Аутомобилвохе“ објавува дека „К1“ нема да пристигне пред крајот на деценијата. Се верува дека е еден од моделите што „Porsche“ првично ги планираше исклучиво како електрично возило, но сега размислува за хибридни или „SUS“ варијанти.

Во ноември минатата година, тогашниот финансиски директор Луц Мешке наговести за овој пресврт:

„Моментално ја разгледуваме можноста возилата што првично беа планирани како целосно електрични, да добијат хибриден погон или мотор со внатрешно согорување. Моментално сме во фаза на концептуално донесување одлуки. Јасно е дека го задржуваме моторот со внатрешно согорување долго време“.

Во меѓувреме, „Porsche“ ги повлече плановите за проширување на производството на батерии во својата компанија „Cellforce“, наведувајќи го како причина „бавниот раст на електромобилноста“.

Сепак, компанијата ја купи „V4Drive GmbH“ од „Varta“ на почетокот на годината. Нивните цилиндрични ќелии веќе се користат во новиот модел „911 GTS“, а се очекува да се користат и во други идни модели.

Се шпекулира дека новиот „GT2 RS“ ќе има и некаков вид на електрификација.

И покрај сè, „Porsche“ цврсто изјави дека целосно електричниот „911“ нема да пристигне пред 2030-та година.

И кој всушност би сакал еден? Можеби би можеле да го поставиме истото прашање и за „718“-ката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП