8 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКОЛКУ ЧИНИ ОДМОР ВО ГРЦИЈА? Еве што ве очекува на омилената дестинација...

КОЛКУ ЧИНИ ОДМОР ВО ГРЦИЈА? Еве што ве очекува на омилената дестинација на многу Македонци

Доколку планирате одмор во Грција оваа година, добра идеја е однапред да се информирате за цените на популарните дестинации како Халкидики, Паралија, Лептокарија и Крит. Иако Грција се смета за омилена дестинација за одмор меѓу Македонците, некои од цените може да ве изненадат.

На пазарот во Неа Мудања, едно од главните места на Халкидики, цените на основните прехранбени производи варираат. Јајцата се продаваат за 0,35 евра по парче, зелената салата е 0,50 евра, младиот кромид е 0,70 евра, додека килограм домати е 1,25 евра. Тиквичките се евтини – околу 0,50 евра, но килограм грашок чини дури 3 евра.

Кога станува збор за овошје, цените се малку повисоки: јагодите се 2,5 евра за килограм, крушите се 1,5 евра, црвениот грав е 3,3 евра, додека белиот грав достигнува дури 7,5 евра. Цената на свежата риба на пазарот е околу 10 евра по парче, без преработка и подготовка.

Популарното гиро е сè уште најприфатливото јадење – во Неа Мудања чини од 3,2 до 4,5 евра, додека во рестораните порцијата може да достигне 9-10 евра. Пицата е околу 12 евра, а кафето помеѓу 2 и 3 евра, во зависност од локацијата.

Цените се слични во Полихроно и Пефкохори, додека се малку пониски во Лептокарија и Паралија, особено надвор од главната туристичка сезона. Во појужните дестинации како што се Крит или Миконос, цените се значително повисоки, и во рестораните и во маркетите.

Што се однесува до сместувањето во Грција за 2025 година, апартманите можат да се најдат на почетокот на јуни за 30-40 евра од ноќ, додека во екот на сезоната (јули и август) истите содржини достигнуваат и до 80-100 евра. Луксузните апартмани и вили со поглед на базен или море чинат до 250-300 евра од ноќ.

За семејни одмори се препорачува однапред планирање на трошоците и резервации. Иако Грција повеќе не е „евтина“ како што беше пред неколку години, со добра организација сè уште може да биде прифатлива и совршена дестинација за одмор.

Б.С.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП