3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотрошувачите во ЕУ загрижени од договорот за слободна трговија со САД

Потрошувачите во ЕУ загрижени од договорот за слободна трговија со САД

korpa1

Организацијата на потрошувачи во Европската унија изрази загриженост поради предложениот трговски договор со САД.

Потрошувачите се загрижени за можноста дека ќе биде овозможен масовен увоз на ризични или небезбедни прехрамбени производи, медицински препарати и други производи.

Генералната секретарка на Организација на европските потрошувачи Моник Гојенс изјави дека „тој договор има потенцијал негативно да ги промени павилата за безбедност и заштита на потрошувачите“.

Претставниците на САД и ЕУ ги продолжија преговорите за предложеното Партнерство за трансатлантска тровија и инвестиции, според кое, производите кои добиле дозвола за продажба во САД может автоматски да се продаваат и на европските пазари и обратно.

Здружението на потрошувачи во ЕУ наведува дека со тоа ќе се загрози благосостојбата на луѓето во ЕУ и ќе се нарушат здравствените и безбедносните стандарди на ЕУ, кои, според директорката на Европската алијанса за јавно здравје, Моника Косински, се најстрогите во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП