Постојат намирници кои треба да се воведат во исхраната не само затоа што се вкусни. Дури и ако не ви се допаѓаат, јадете ги бидејќи се здрави.
Еве што можат да направат некои од нив.

Постојат намирници кои треба да се воведат во исхраната не само затоа што се вкусни. Дури и ако не ви се допаѓаат, јадете ги бидејќи се здрави.
Еве што можат да направат некои од нив.
Авокадото ги отстранува токсините од црниот дроб
Црниот дроб е тој што го ослободува нашето тело од токсини, но меѓу нив има и бројни штетни супстанции кои можат да се мешаат во работата на црниот дроб.
Затоа авокадото е добро и треба редовно да се вклучува во исхраната бидејќи е полно со глутатион, кој ги разградува хемиските токсини.
Грејпфрутот ги отстранува мастите
Грејпфрутот е природен согорувач на масти, па затоа е неопходен дел од исхраната! Јадете го како ужина, направете сок, додадете лимон, мед, цимет… Исто така е одличен за отпорноста на телото.
Краставицата го освежува здивот
Краставицата е природен освежувач на здивот, како и јаболкото. Кога јадеме свежа краставица, таа го стимулира лачењето на плунка, што помага да се отстранат остатоците од храна од усната шуплина, што создава непријатен мирис.