Најголемиот синџир на кафулиња во светот „Starbucks“ ќе и плати на „Kraft Foods Inc.“ компензација од 2.7 милијарди долари, поради раскинување на договорот за испорака на кафе.
Од 1998-та година „Kraft Foods“ го снабдува синџирот со кафе што се продава под брендот „Starbucks“, потсетува „Reuters“. „Starbucks“ го обвини „Kraft Foods“ за бројни прекршувања на договорот, вклучувајќи го и некоректно користење на брендот, а потоа во 2011-та година со раскинување на договорот и стана клиент на „Acosta Inc.“.
Според судот сепак „Starbucks“ ќе треба да плати 2.2 милијарди долари на „Kraft“ како компензација за нанесените штети и 527 милиони долари камати до изрекување на пресудата и судските трошоци.