
Руската компанија за нуклеарна енергија „Rosatom“ преговара за учество во развојот на нуклеарни реактори во Британија, вели потпретседателот на владата на Русија, Игор Шувалов.


Руската компанија за нуклеарна енергија „Rosatom“ преговара за учество во развојот на нуклеарни реактори во Британија, вели потпретседателот на владата на Русија, Игор Шувалов.
Тој после состанокот на руско-британскиот комитет за соработка во трговијата и инвестициите, изјави дека „Rosatom“ постигнал значителен напредок во дијалогот со британските власти за учеството во изградбата на реактори на територијата на Велика Британија.
Потпретседателот на владата додаде дека британската страна е сигурна дека националноста на инвеститорите нема да биде разгледувана, пренесува агенцијата Итар тас.
Велика Британија се залага за политика со отворени врати за инвеститорите и тие реактори можат да бидат изградени во случај инвеститорот да докаже, пред се, безбедност на својата технологија и да биде конкурентен со цената на проектот, изјави Шувалов.