5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретседателот на Европската мрежа на бизнис ангели во петок во Македонија

Претседателот на Европската мрежа на бизнис ангели во петок во Македонија

angel-investor

Во петок во Скопје доаѓа Пауло Андрес, претседател на Европската мрежа на бизнис ангели, кој ќе се обрати на настан што го организира Европско македонскиот центар за значење и иновации ЕМКИЦЕ.

Со тоа ќе биде означен и почетокот на Европската недела на бизнис ангели што ќе се одбележи во 31 држава со вкупно 132 настана.

На настанот во Скопје насловен како „Awaking macedonian angel investmnent scene“ покрај Пауло Андрес ќе се обратат и годинашниот добитник на наградата „Angel оf тhе year 2013“ Душан Стојановиќ, кој по потекло е Македонец, како и Senan McGarth, директор на најголемиот ФП7 проект за електрични возила финансиран од Европската комисија.

Целта на настанот е да ги промовира можностите за инвестирање во Македонија и да се подигне свеста за ко-инвестирачките фондови. Ќе се дебатира за улогата на бизнис ангелите во економијата и за ко-инвестирачките фондови во малите и средните претпријатија.

Бизнис ангелите имаат клучна улога во европската економија особено во делот на малите и средните претпријатија. Тие досега имаат инвестирано повеќе од пет милијарди евра годишно, односно 15 милијарди евра во 26 илјади компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП