Италијанскиот производител на луксузни спортски автомобили претстави две хибридни возила со почетна цена од 400.000 евра.

Станува збор за нови верзии на купето „V-6 296 GTB“ и родстерот „296 GTS“, а инженерите ги модернизирале, намалувајќи ја тежината и зголемувајќи ја моќноста и брзината.

Основната цена на моделот „296 Speciale“ ќе биде 407.000 евра во Италија, а почетната цена на моделот „296 Speciale A“ ќе биде 462.000 евра, објави „Yahoo“.

Првите испораки на „296 Speciale“ во Европа се очекуваат во првиот квартал од 2026-та година, а на „296 Speciale A“ три месеци подоцна.

Купето „296 Speciale“ е полесно за 60 килограми и има дополнителни 49 ks, што ја зголемува неговата моќност на вкупно 868 ks.

Максималната брзина е повеќе од 330 километри на час, а забрзувањето од 0 до 100 километри е 2,8 секунди, објави „Ferrari“.