2 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЌе се гаси за неколку дена

Ќе се гаси за неколку дена

„Microsoft“, сопственикот на платформата „Skype“, објави дека официјално ќе ја затвори оваа комуникациска платформа на 5-ти мај по повеќе од две децении постоење.

„Skype“ беше првата платформа што им овозможи на корисниците пристап до бесплатни аудио и видео повици од компјутер до компјутер низ целиот свет од 2003-та година и ги донесе фиксните и мобилните повици на интернет.

Како што изјави „Microsoft“, нивната цел е да ја поедностават својата понуда за корисниците и да се фокусираат на нивната моќна бизнис платформа „Teams“, кон која милиони преостанати корисници на „Skype“ ќе бидат пренасочени во наредните денови.

Во соопштението со кое се најавува крајот на „Skype“, „Microsoft“, кој ја купи платформата во 2011-та година за 8,5 милијарди долари, призна дека ова е чин на исклучување на „Skype“ од апаратот за одржување во живот, на кој, реално, беше вклучен десет години.

Едно од објаснувањата за падот на „Skype“ е тоа што не беше прилагоден за паметни телефони и не можеше да се справи со конкуренцијата од апликации прилагодени за работа од дома, како што е „Zoom“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП