26 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus CT 200h за 2014-та година

Lexus CT 200h за 2014-та година

lxu

„Lexus“ откри како ќе изгледа освежениот „CT 200h“ кој ќе има премиера на 21-ви ноември на саемот за автомобили во кинескиот град Гванжу.

И додека поголемиот дел од производителите ги подготвуваат своите нови или редизајнирани модели за претставување на саемите во Лос Анџелес или Токио, кон крајот на ноември, „Lexus“ одлучи премиерата на моделот „CT 200h“ за 2014-та да ја направи на меѓународниот авто-саем кој во истиот период се одржува во Кина.

Највидлива промена на автомобилот може да се забележи на неговиот преден дел, каде наместо старата поставена е нова маска на ладилникот која ја ги краси најновите генерации на модели на овој производител. Во склад со тоа, редизајнирани се и предниот браник и светлата за магла.

lxu1

Помали промени се забележени и на задниот браник кој на краевите доби релјефни вдлабувања, а на купувачите ќе им бидат понудени и редизајнирани алуминиумски фелни.

Производителот не ги соопшти техничките детали, но се очекува автомобилот да го има актуелниот 1.8 литарски бензинец со 99 ks (73 kW), кој во пар со електромоторот од 80 ks (60 kW) испорачува комбинирани 136 ks (100 kW).

Можните подобрувања на погонскиот систем, би можеле да се однесуваат на поголемата економичност при возењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП