10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски најави три нови инвестиции

Груевски најави три нови инвестиции

Macedonia's Prime Minister Gruevski listens to questions during a news conference in Salzburg

Три нови странски инвестиции со кои ќе се отворат нови работни места за македонските граѓани, најави денеска премиерот Никола Груевски.

Голема европска компанија ќе инвестира во дејност поврзана со телекомуникациите, а останатите две компании ќе инвестираат во медицинската индустрија.

– Очекуваме до крајот на овој или почетокот на следниот месец да се објави дека крупна европска компанија сака да инвестира во дејност поврзана со телекомуникациите и да вработи неколку стотици лица.

Нејзиниот план е во период од околу три години да вработи над илјада лица во Република Македонија. Станува збор за работи од повисока технологија и ќе бидат ангажирани голем број лица со претходна извршена обука.

Од она што ми беше кажано за време на последната средба со нив ќе бидат ангажирани лица главно со високо
образование од различни струки, но со дополнителна обука ќе бидат насочени во дејноста која што компанијата сака да ја извршува, изјави Груевски.

Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на информатичко-форензичката лабораторија на УЈП, Груевски информираше дека исто така и турска компанија од медицинската индустрија ќе инвестира во Македонија.

– На денешната владина седница треба да помине договорот за закуп на земјиштето, а тие веќе на терен вршат геомеханички истражувања на земјиштето.

Прашање на време е кога ќе започнат со нивната реализација. Станува збор за почетни 250 вработувања, а подоцна можеби ќе има и повеќе, појасни Груевски.

Тој додаде дека наскоро треба да се заокружи и договорот за државна помош и за закуп на земјиштето и со втората компанија од медицинската индустрија која сака да инвестира во државата.

– Се надевам во наредните недели и тоа ќе се заврши, рече Груевски, потенцирајќи дека има и други најави за странски инвестиции.

Во оваа прилика, рече Груевски, би ги спомнал само овие инвестиции коишто се во самиот финиш и се очекува наскоро самите компании да ги објават.

Груевски: Пензионерите и следната година бесплатно на бања Премиерот Никола Груевски денеска информираше дека и за идната година е предвидено бесплатна бањска рекреација за пензионерите.

– Досега околу 20.000 пензионери ја искористија оваа можност, а за следната година повторно имаме планирано 30 милиони денари, што значи дека околу 5.500 лица ќе можат да ги искористат бањско-рекреативните центри, потенцира премиерот Груевски.

Тој рече дека неколку пати ги посетил во различни бањи и директно разговарал со многу пензионери, но и со Сојузот на пензионери.

– Тие се презадоволни од оваа мерка. Тоа ни даде мотив, иако првично не замислувавме мерката толку долгорочно да трае, да продолжиме затоа што има позитивно влијание на здравјето на пензионерите.

Од таа гледна точка и следната година 5.500 пензионери ќе можат да заминат на бесплатно бањско лекување кое е пропратено и со лекарски третман за време на престојотза кој се платени сите трошоци.

Груевски: Опозицијата да извлече поука од минатото за да не се повторат настаните за буџетот.Не посакувам и се надевам дека нема да се повторат настаните и опозицијата ќе има доволно свест и разум и ќе извлече поука од минатото.

Ова е одговорот од премиерот Никола Груевски на новинарското прашање дали очекува да се повторат настаните од 24 декември со оглед на тоа што Буџетот за 2014 година утре е на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП