26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилијардерите имаат нов начин за брза заработка

Милијардерите имаат нов начин за брза заработка

gulfstream-island-g650

Ерата на препродажба на куќи за профит може и да поодмина, но супербогаташите пронашле нов начин за брз профит, а тоа е продавање на приватните авиони.

Побарувачката за најголемиот и најскапиот бизнис џет „Gulfstream G650“ е толку голема што сопствениците на слични авиони почнаа да ги продаваат на купувачи. Во некои зделки продавачите успеваат да излезат со профит помеѓу 5 и 7 милиони долари. Милијардерот Берни Еклстоун, сопственикот на „Formula 1“, пред извесно време го продал својот „G650“ на азиски бизнисмен за 72 милиони долари, што е најмалку за 6 милиони повеќе од износот за кој го купил.

Трансакцијата е остварена само неколку недели откако Еклстоун го добил авионот од „Gulfstream“. Засега Еклстоун не го коментирал договорот, а одредени медиуми тврдат дека авионот бил преголем за некои од омилените аеродроми на Еклстоун. Агентите на приватни авиони и консултантите велат дека барем уште двајца други сопственици ги препродале нивните „Gulfstream G650“ авиони за над 70 милиони долари.

Во моментов, пак се подготват најмалку уште две трансакции. Во едната од нив американски милијардер преговара со купувач од Азија. Во другата трансакција учествуваат милијардери од Русија, Латинска Америка и Блискиот Исток. Овие препродажби се индикатор за зголемената побарувачка на големи приватни авиони.

„G650“ е кралот во овој сегмент со базна цена од 64.5 милиони долари. Моделот „G650“ исто така е многу редок. Само околу 30-35 авиони биле доставени од неговото пуштање на пазарот минатата година. Милијардери од целиот свет се обиделе да дојдат до новиот авион, а меѓу тие што се на листата на чекање се Ралф Лорен и Опра Винфри.

Побарувачката е толку голема што купувачот кој ќе потпише договор денеска, ќе го добие својот „G650“ дури во третиот квартал на 2017-та година. Поради оваа причина многу купувачи се подготвени да платат повеќе од 70 милиони долари, за да добијат новата играчка денес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП