7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАФормулата на Наполеон Хил: Збогатете се во шест чекори

Формулата на Наполеон Хил: Збогатете се во шест чекори

napoleonhil1

Полиците од книжарите се преполни со книги кои не советуваат како да се збогатиме во животот, но најверојатно тоа никој не го опишал подобро од Наполеон Хил кој зборувал на оваа тема уште во 1937 година.

Хил бил писател во време на Големата економска криза, а познат бил и како советник на американскиот претседател Франклин Рузвелт. Тој интервјуирај повеќе од 500 најуспешни лица кои некогаш живееле во САД со цел да дојде до формулата за успешно збогатување и стекнување на големо богатство.

Тој своите сознанија ги напишал на двестотини страници во книгата „Think and Grow Rich“ која со тек на годините станала една од најпродаваните книги на сите времиња.

Иако ги испрашувал најуспешните бизнисмени на своето време, неговата формула не вклучува никакви невозможни мисии и несовладани вештини, туку се темели на надминување на психолошките препреки кои човекот го делат од стекнувањето на богатство.

„Желбата нема да ви донесе богатство. Но, ако таа желба со тек на време стане опсесија, тогаш планирањето на конкретни начини и средства, како и упорноста која не дозволува пораз, ќе ви обезбеди стекнување на значителен имот“, вели Хил.

Во еден дел од својата книга тој претставува шест чекори преку кои вашата желба ќе се претвори во богатство:

1. Во својот ум поставете ја својата парична цел која сакате да ја постигнете. Не е доволно да се каже само „сакам многу пари“. Бидете конкретни во замислувањето на износот.

2. Точно одреди што си подготвен да дадеш во замена за парите кои ги сакаш. Не постои „ништо за нешто“.

3. Одреди точен датум до кога сакаш да ги собереш тие пари.

4. Создади цврст план како својата замисла да ја претвориш во акција и веднаш започни со нејзиното спроведување, без оглед на тоа дали си подготвен или не.

5. Напиши на хартија со едноставни и концизни реченици колку пари посакуваш, во кој временски рок, што си подготвен да жртвуваш за возврат и план кој ќе го спроведеш за тоа да го постигнеш.

6. Читај ги овие реченици на глас, двапати дневно, еднаш наутро, еднаш навечер. ДОДЕКА ЧИТАШ УБЕДИ СЕ , ЧУВСТВУВАЈ ВО СЕБЕ И ВЕРУВАЈ ДЕКА ВЕЌЕ ГИ ПОСЕДУВАШ ТИЕ ПАРИ.

Размислувањето на Хил за начинот на стекнување богатство не се разликува многу од денешните мислења, освен во тоа што е поедноставно објаснето.

„Кога богатството ќе настапи на местото на сиромаштијата, тоа е резултат на внимателно разработените и изведените планови“, додава тој.

„Сиромаштијата не бара никаков план. Неа не и е потребна помош, таа е  храбра и незапирлива. Богатството, од друга страна, е срамежливо и самостојно. Него треба да го привлечете“, советува Хил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП