Ако сте едни од оние кои се свесни за здравствените придобивки од сауната, меѓутоа поради лимитиран простор не сте размислувале да ставите во домот, сега постои решение. Надворешна сауна, со одличен дизајн, практична, функционална, можете да ја сместите во било кој дел од вашиот двор, идеално за оние кои живеат во куќа, или пак имаат викендичка. Може одлично да се вклопи и во некоја поголема тераса. Овие надрворешни сауни се приспособени за сите временски услови и за нив нема потреба од никаква подготовка освен рамен под, приклучок за струја, и желба. Инвестицијата е мала, во однос на придобивките кои ќе ги имате и е долгорочна инвестиција, бидејќи овие производи имаат голем животен век.

Динамичниот и интензивен начин на живот, исполнет со бројни работни обврски, недостиг на време, стрес и грижи, денес е секојдневие за поголемиот дел од луѓето и не е нешто што може брзо да се промени. Останува на нас да одлучиме како ќе се справиме со тоа, дали слободното време ќе го искористиме квалитетно, ќе си дадеме оддишка и ќе се опуштиме.
А, квалитетно искористено слободно време е релативно нешто и зависи од секоја индивидуа. Некој преферира престој во природа, друг трчање или посета на теретана, некој чести разговори со блиски особи….Но, неприкосновен факт е дека престој во сауна обезбедува многу здравствени придобивки за нашиот организам. Замислете си ситуација во која се враќате од работа, по поминати 8,9 часа, напнати и нервозни, вкочанети во вратот, грбот…влегувате во домашната сауна и за само 10-тина минути сте како препороден. Тоа можете да го правите сами или во друштво на најблиските. Нема потреба да правите некои подготовки за да одите некаде подалеку.
Престојот во домашна сауна освен што го чисти телото од токсини и нè ослободува од стресот, придонесува кон намалување на високиот крвен притисок и го намалува ризикот од срцеви заболувања. Одлична е и за намалување на болка во мускулите.

Во неа можете да се опуштате заедно со сопругата, децата и тоа да биде едно забавно и корисно дружење со бројни здравствени, и социјални придобивки. Да се чувствувате како да сте во некој луксузен хотел, а всушност Вие сте дома. Нема поубаво!
Сауната претставува и ефикасен начин за трошење на калории (до 600kcal со една терапија), ја подобрува циркулацијата, го стимулира лачењето на ендрофин (хормон за добро расположение) и генерално ја подобрува благостојбата на организмот и здравјето.
Дефинитивно претставува долгорочна инвестиција во здравјето и благосостојбата на организмот.” А за брза, квалитетна и ефикасна изведба секако ја препорачуваме Пирин Експорт од Скопје, компанија со традиција од над 30 години, во проектирање и изведување Фински, инфрацрвени, Био и комбинирани сауни, џакузи и базени со димензии и карактеристики по избор и желба на клиентот, во кој било празен простор” Нудат голем избор на надворешни сауни во различни димензии и дизајн во зависност од вашата потреба и желба.
Времето одвоено за себе е исклучително важно за физичкото и психичкото здравје. Животот е премногу краток за да не уживате во него, а малите задоволства знаат да понудат повеќе задоволство отколку што мислите.
(ПР објава)