21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Kia K4“: Дали е ова нов конкурент на „Golf“? (ФОТО/ВИДЕО)

„Kia K4“: Дали е ова нов конкурент на „Golf“? (ФОТО/ВИДЕО)

„Kia“ го претстави новиот „K4 Hatchback“ на саемот за автомобили во Њујорк, потврдувајќи дека продажбата во САД ќе започне подоцна оваа година.

Моделот е директен конкурент на „Honda Civic“, „Mazda3“, „Toyota Corolla“, па дури и „Acura Integra“. Во исто време, тоа е модел кој многумина го гледаат како нов „Ceed“, односно конкурент на „VW Golf“.

Дизајнот е впечатлив – „лебдечки“ покрив, скриени рачки на задните врати и линија на покривот што обезбедува најголем простор за главата во класата, како и најголем простор за нозете.

Багажникот има 628 литри зафатнина, што е помалку од „Honda Civic Hatchback“ (703 литри), но сепак солидно.

Се нудат две варијанти на мотори: 2,0-литарски атмосферски мотор со 147 коњски сили и „CVT“ менувач, како и 1,6-литарски турбо мотор со 190 ks во верзијата „GT-Line Turbo“, поврзан со осумстепен автоматик.

Дополнително, моделите „GT-Line“ имаат поспортска суспензија и тркала од 18 инчи.

Внатрешноста е преземена од седанот „К4“ – има два поврзани екрани од 12,3 инчи, како и напредни системи за помош на возачот, вклучувајќи адаптивна контрола на патувањето и помош при возење на автопат (достапна на „GT-Line Turbo“).

Цената сè уште не е потврдена, но се очекува хечбекот да биде нешто поскап од седанот кој започнува од 23.165 долари, додека најскапата верзија достигнува 31.860 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП