3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNovartis ја продава филијалата во САД

Novartis ја продава филијалата во САД

novartis1

Швајцарската фармацевтска компанија „Novartis“ ја продава својата филијала за дијагностика во Калифорнија на шпанската компанија „Grifols“, по цена од 1,7 милијарди долари.

Трансакцијата ќе биде завршена во текот на првата половина од 2014 година, под услов надлежниот орган за заштита на конкуренцијата да го одобри тоа, пренесува швајцарскиот весник „20 минути“.

Филијалата која сега е на продажба, а која „Novartis“ ја купи од американската групација „Kyron“ во 2006 година, е сместенa во Емервил, Kалифорнија. Минатата година нејзините приходи од работењето изнесуваа 565 милиони долари.

Во соопштението на „Novartis“ се наведува дека целта за продажбата на дијагностичките активности е дел од фокусирањето на стратешките сектори, како што е производствотo на лекови и производи од областа на офталмологијата.

Што се однесува на другите активности на „Novartis“, компанијата ќе настојува да го зајакне сегментот на лекови од слободната продажба, како и производсвтото на вакцини, но и областа за заштита на здравјето на животните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП