Една заборавена, но многу здрава храна.
Јачменот е хранливо богато жито кое паднало во сенка на другите, попопуларни видови. Но, уште од античко време е позната како храна која лесно се вари, содржи многу влакна и затоа е добра за интестиналниот мотилитет, на организмот му ги обезбедува потребните витамини како што се витамините Б, А и Е.
Исто така, јачменот содржи голема количина лизин, аминокиселина која активно учествува во синтезата на колаген. Оваа супстанца е градежно ткиво на зглобовите, ‘рскавицата, но и ноктите, косата и кожата. Така може да помогне да се одржи еластичноста на кожата и да се спречи создавањето на брчки. Излупените зрна од јачмен се нарекуваат бисерен јачмен поради нивниот посебен сјај и можат да се подготват на неколку начини, а еден од најлесните е кашата.
Состојки:
– 2 чаши излупен јачмен
– 4 чаши вода вода
– 6 чаши млеко
Подготовка:
Истурете вода во садот со житарки и оставете го преку ноќ. Следниот ден, исплакнете и процедете, а потоа истурете ги житарките во загреаното млеко. Оставете го млекото да зоврие, па поклопете, намалете ја температурата и варете на тивок оган околу час и половина.