29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ го договори буџетот за 2014 година

ЕУ го договори буџетот за 2014 година

Belgium Nobel Peace

По маратонските преговори, институциите на Европската унија го договорија буџетот за 2014 година.

Со буџетот за наредната година предвидено е вкупната потрошувачка на ЕУ да изнесува 135,5 милијарди евра.

Најавената потрошувачка е за околу шест проценти пониска во однос на потрошувачката за оваа година, а со овој буџет, исто така, се предвидени и дополнителни средства за борба против растечката невработеност во 28-члениот блок, пренесува агенцијата Франс прес.

„Задоволен сум што постигнавме договор со Европскиот парламент за финансирање на приоритетните области како што е економскиот раст, вработувањето, иновациите и хуманитарната помош“, изјави Алгимантас Римкунас, заменик министер за финансии на Литванија, кој претседава со ЕУ.

Договорот, кој е постигнат по 16-часовните преговори, предвидува 3,9 милијарди евра за отворање на нови работни места и обука за 19 милиони млади Европејци кои во моментов се без работа. Критичарите, сепак, тврдат дека дополнителните средства се само капка во океанот, бидејќи се работи за само 200 евра за секое младо лицe.

Најголем дел од буџетските средства, околу две третини, ќе бидат потрошени на субвенционирање за европските земјоделци и инвестициони проекти, како што е изградбата на патишта во посиромашните предели.

За целосно да стапи на сила, овој буџет сега мора да биде одобрен од министрите на ЕУ, а потоа од Европскиот парламент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП