
Грција ќе добие 550 милиони евра од Европската инвестицона банка (ЕИБ) за финансирање на инфраструктурни проекти, јави радио Атина.


Грција ќе добие 550 милиони евра од Европската инвестицона банка (ЕИБ) за финансирање на инфраструктурни проекти, јави радио Атина.
Договорот е потпишан во главниот град на Грција од претседателот на ЕИБ Вернер Хојер и грчката држава, претставена од министрите за финансии, инфраструктура, развој и внатрешни работи.
Средствата ќе бидат наменети за финансирање на автопати и регионални инфраструктурни проекти, а исто така, и за финансирање на мали и средни бизниси.