6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Вашингтон – Американското стопанство во третиот квартал порасна 2,8 отсто на годишно ниво, што е неочекуван знак за јакнење на најголемото светско стопанство. Американскиот извоз порасна, компаниите ги зголемија резервите, изградбата на новите куќи е забрзана, а потрошувачката на државните и локалните власти порасна со најбрзо темпо во последните четири години.

Брисел – Тројката меѓународни кредитори која ја сочинуваат Европската комисија, ЕЦБ и ММФ позитивно го оцени развојот на Кипар во исполнувањето на условите за финансиската помош. Според зборовите на министерот за финансии Харис Георгијадис, експертите на Тројката кои се наоѓаат на Кипар забележаа значаен прогрес во реформите на банкарскиот сектор, што беше еден од главните услови на кредиторите за доделба на помош од 10 милијарди евра во март.

Вашингтон – Американската инвестициска банка Голдман Сакс објави дека предметот на истрагата за можно манипулирање во трговијата со странски валути. Во изминатите неколку дена, банката ХСБЦ, Барклиз, РБС и Ситигруп признаа дека се испитувани во рамки на меѓународната истрага за манипулирање на девизните курсеви, пренесе Франс прес.

Пекинг – Купувачите во Кина потрошија милијарди долари на интернет, искористувајќи ги попустите кои се нудат на т.н. Ден на самци. Кина има најголем број корисници на интернет во светот и прогнозира дека годишната онлајн продажба во таа земја ќе чини од 420 до 650 милијарди долари до 2020 година, кога Кина ќе стане најголем светски интернет пазар, наведе консултантската куќа Мекинсли.

Продажбата на платформата Тмал на кинескиот гигант во онлајн продажбата на Алибаба, во 13 часот по кинеско време достигна 19,1 милијарда јуани (3,1 милијарда долари), што е шест пати повеќе во однос на просечниот заеднички дневен промет на Тмал и Таобао, уште една платформа на Алибаба, покажуваат податоците на таа компанија.

Белград – Србија на Русија ќе предложи изградбата на гасоводот Јужен тек да почне на 24 ноември, рече премиерот Ивица Дачиќ. Одговарајќи на прашањето на новинарите во врска со состанокот со делегацијата на Гаспром која ја предводи претседателот на Управниот Одбор на компанијата Алексеј Милер, Дачиќ рече дека тоа ќе биде тема на разговорите, дали на руската страна ќе и одговара тој датум. Премиерот потенцира дека е многу важно што побрзо да почне изградбата на Јужен тек, потенцирајќи дека се работи за голем проект, чија вредност, кога е само изградбата во прашање, е нешто помала од 2 милијарди евра.

Брисел – ЕУ и САД, кои веќе имаат најголема деловна врска во светот, ги продолжија преговорите за понатамошно ширење на билатералната трговија и инвестиции. Преговорите се одржуваат во сенка на тензиите меѓу Брисел и Вашингтон околу аферата за прислушкување на европските институции, а беа одложени поради блокада на американската влада, пренесе агенцијата АП. Меѓутоа, политичарите од двете страни наведуваат дека користа од Трансатлантското трговско инвестициско партнерство ТТИП, е премногу голема за било што да влијае на преговорите. Во Брисел ќе се разговара за услугите, инвестициите, енергијаа, суровините и прописите, а двете страни очекуваат дека ТТИП ќе донесе нови работни места и стопански раст.

Франкфурт – Германскиот Дојче Телеком ДТ за 546 милиони евра ја купи компанијата за пружање на телекомуникациски услуги ГТС Централ Јуроп, со седиште во Варшава. Таа трансакција ќе овозможи на ДТ управување со дејности со оптички фиксни линии и инфраструктура на подрачјето на Источна Европа, се наведува во соопштението на ДТ, пренесе порталот СЕЕбиз. ГТС пружа телекомуникациски услуги пред се на деловни клиенти и сопственик е на мрежата на оптички кабли и центар со податоци, со кој управува во Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Словачка, а пружа гласовни услуги кои се однесуваат на податоците, со сложени виртуелни мрежи, како и услугата Клауд компјутинг.

Берлин – Германската компанија за производство на спортска опрема Пума, ја намали прогнозата на нето профитот за оваа година. Понизок профит се очекува поради отпис на 130 милиони евра на име депресијација на износот кој треба да се случи во текот на четвртото тромесечје. Во соопштението на Пума, филијала на Керинг груп, се наведува дека приходот за 2013 година ќе биде позитивен, но нешто малку понизок од остваренито во 2012 година, пренесе АП. Причина за депресијацијата на износот е затворање на развојниот центар во Виетнам, како и преселувањето од Лондон на еден дел вработени во седиштето на компанијата во Баварија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП