20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗЕве како изгледа новиот „Audi A6“ (ФОТО/ВИДЕО)

Еве како изгледа новиот „Audi A6“ (ФОТО/ВИДЕО)

По караванот, „Audi“ ја претстави и седан верзијата на новата „шестка“.

Новата генерација на деловни седани ја подигнува границата во сегментот на премиум возила со средна големина.

Новиот „А6“, како што се наведува во првото писмо од производителот, не само што носи препознатлива елеганција и софистициран дизајн, туку поставува и нови стандарди во аеродинамиката, удобноста и технологијата на возење.

Рекорден коефициент на отпор на воздухот

Со коефициент на отпор од само 0,23, ова е најаеродинамичното „Audi“ со мотор со внатрешно согорување досега. Новата генерација комбинира моќни бензински и дизел мотори со MHEV плус благ хибриден систем, што резултира со подобри перформанси, помала потрошувачка и намалени емисии.

Тој се истакнува во комфорот при возење благодарение на адаптивната воздушна суспензија и опционалното управување на сите тркала, што овозможува висока стабилност при поголеми брзини и исклучителна агилност во градски услови. На пример, при помали брзини задните тркала се вртат во спротивна насока од предните тркала, што го олеснува маневрирањето.

Основниот модел има 2.0-литарски турбо бензинец со 204 КС и 340 Nm, придвижувајќи ги предните тркала.

Моќни и економични мотори

Поголемиот 3.0-литарски V6 со „благ“ хибриден систем и „Quattro“ погон нуди 367 коњски сили и 550 Nm.

Што се однесува до дизелската опција, тука е 2.0 TDI со 48-волтна технологија која произведува 204 ks и 400 Nm, со опција за погон на предни или на сите тркала.

Во верзиите со погон на сите тркала, дури 70 отсто од силата може да се пренесе на задната оска.

До пристигнувањето на „S6“, најбрзата ќе биде шестцилиндарската верзија на A6, која до 100 km/h ќе забрзува за 4,7 секунди, со максимална брзина од 250 km/h.

Верзијата V6 може да се има и со опционален заден диференцијал кој го распределува вртежниот момент помеѓу задните тркала.

Се очекува и новиот „RS6“, кој, се чини, повторно би можел да биде достапен исклучиво како „Avant“.

Повеќе тишина во внатрешноста

Посебно внимание беше посветено на тишината во кабината, внатрешната звучна изолација е подобрена до 30% во однос на претходникот. Новите системи за заптивање, потивко потпирање и гуми со вградени „амортизери на бучава“ дополнително ја зголемуваат удобноста при возењето.

Новиот „А6“ носи и освежен дизајн со нагласена предна табла, тенки LED светла и елегантно обликуван заден дел. Сето ова е надополнето со аеродинамички елементи како преден спојлер, воздушни завеси и голем дифузер, кои заедно ги подобруваат возни карактеристики и визуелен впечаток.

Цена во Германија

Новиот седан „А6“ ќе се произведува во Некарсулм, а нарачките ќе започнат кон крајот на април. Првите испораки се очекуваат во текот на летото, додека основниот модел со бензински TFSI мотор од 150 kW ќе стартува од 55.500 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП