ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската инфлација на тригодишен минимум

Германската инфлација на тригодишен минимум

germanija1

Стапката на инфлација во Германија, најголемата европска економија, во октомври се намали на најниското ниво во последните три години, благодарение на намалувањето на цената на горивото, покажаа официјалните податоци кои беа објавени денес.

Трошоците за живот минатиот месец се зголемиле за 1,2 проценти на годишно ниво, во споредба со 1,4 проценти во септември, се наведува во соопштението на Федералниот завод за статистика.

Тоа е најниското ниво на инфлација во Германија од август 2010 година, пренесува агенцијата АФП.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП