2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАстра доби нов дизел мотор

Астра доби нов дизел мотор

astricka

Опел во 2014-та година ќе ја прошири понудата на погонските агрегати за Астра со воведувањето на 1.6 литарски CDTI мотор со 136ks. Покрај тоа, предвидени се и одредени унапредувања во поглед на содржината на опремата на овој модел.

Новиот турбо-дизел мотор е дел од стратегијата на Опел која предвидува поголема обнова на погонските единици до 2016-та година. Станува збор за 1.6 литарски CDTI агрегат со Euro6 стандард, кој развива 136 ks (100 kW) и 320 Nm максимален вртежен момент.

astricka1

Астра хечбек опремена со новиот мотор ќе биде во можност од 0 дo 100 km/h да стигне за 10,3 секунди и да постигне максимални 200 km/h. Според фабричките податоци, автомобилот просечно ќе троши 3,9 l/100 km и ќе емитува 104 g CO2 по поминат километар.

На купувачите во 2014-та, покрај новиот мотор ќе им биде достапен и нов „IntelliLink“ мултимедијален систем со седуминчен екран чувствителен на допир.

astricka2

Основната верзија на уредот ќе содржи „CD“ плеер и „Bluetooth/USB/AUX“ конекции, додека, премиум системот ќе опфати и „Navi 950“ навигациски систем со мапи кои ги покриваат патиштата во Европа.

Во пакетот „Active“ од сега ќе бидат вклучени и дневните „LED“ светла, украсните детали од „piano“ пластика во внатрешноста, комбинација од кожа и текстил за навлаките на седиштата и основниот „IntelliLink“ систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП