Цените на златото паднаа за 0,4 отсто од рекордно високо ниво од 3.245,42 долари за унца, откако американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука да ги ослободи паметните телефони и компјутерите од реципрочни царини.
Цената на златото денеска изнесува 3.223,12 долари за унца, а Голдман Сакс останува меѓу најоптимистичките големи банки кога станува збор за цената на овој благороден метал, пренесува Ројтерс.
Наведувајќи ја поголемата побарувачка од централните банки и зголемените ризици од рецесија, Goldman Sachs прогнозира дека златото ќе вреди 3.700 долари до крајот на 2025 година.
Американскиот долар падна на најниско ниво во последните три години во однос на другите валути, со што златните прачки деноминирани во долари се поевтини за странските купувачи.
Останатите движења на цените на благородните метали покажаа дека среброто се зголеми за 0,3 отсто на 32,35 долари за унца, платината поскапе за 0,9 отсто на 951,46 долари, додека паладиумот порасна за 1,7 отсто на 931,43 долари.