10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHenkel ја зголеми прогнозата за резултатите во 2013 година

Henkel ја зголеми прогнозата за резултатите во 2013 година

Henkel in Ankara.JPG

Германскиот хемиски гигант „Henkel“ ја зголеми прогнозата за маржата за 2013 година, откако во третиот квартал оствари оперативен профит поголем од очекуваниот, и покрај неповолните ефекти на девизните курсеви.

Сопственикот на познатите брендови како што се „Persil“ или „Shcwarzkopf“, во периодот од јули до септември оствари профит од 672 милиони евра, додека аналитичарите во просек предвидуваа 659 милиони евра, пренесува Ројтерс.

Компанијата „Henkel“ во иднина се надева на оперативна маржа од 15 проценти за цела 2013 година, додека во претходната прогноза таа изнесуваше 14,5 проценти од приходите од продажбата.

И покрај неповолното влијание на девизните курсеви, приходите, спротивно на сите очекувања, се намалија на 4,18 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП