16 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Mazda“ покажа со што ќе му конкурира на „Tesla Model Y“ (ВИДЕО)

„Mazda“ покажа со што ќе му конкурира на „Tesla Model Y“ (ВИДЕО)

Заедничкото вложување „Changan Mazda“ го откри дизајнот на својот прв масовно произведен електричен кросовер, „EZ-60“, кој е позициониран како директен конкурент на „Tesla Model Y“. Премиерата на моделот е закажана за 23-ти април, а тој е изграден на платформата „Changan EPA“.

Ова е првиот „SUV“ модел на „Mazda“ со нулта емисија и втор во гамата по седанот „EX-6“.  Надворешноста е направена во модерен корпоративен стил на брендот, со што „EX-60“ изгледа спортски и футуристички.

Впечаток оставаат штитната решетка, LED линијата долж предната контура, поделените фарови и динамичната силуета. Профилот е нагласен со скриени рачки на вратите и електронски ретровизори.

Моделот ќе биде достапен во две верзии – чисто електрично и електрично возило со продолжен досег (EREV). Се очекува погонските агрегати да бидат исти како оние на седанот „EZ-6“. Тоа значи хибрид – 1,5-литарски мотор со внатрешно согорување кој делува како генератор и електромотор со моќност од 214 ks и чисто EV, во кое батеријата е со капацитет од 68,6 kWh. Во првиот случај, опсегот е до 1301 km, а во вториот – 600 km.

„Mazda“ нагласува дека „EZ-60“ е дизајниран да ја зајакне позицијата на брендот на најголемиот светски пазар на електрични возила и да означи нова етапа во стратегијата за електрификација на јапонската марка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП