16 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ подготвува изненадување: „iPhone“ добива голем редизајн

„Apple“ подготвува изненадување: „iPhone“ добива голем редизајн

„Apple“ подготвува голем редизајн за „iPhone“ за неговиот 20-ти роденден, кој ќе го прослави во 2027-ма година.

Првиот „iPhone“ се појави во јуни 2007-ма година, па за нешто повеќе од две години ќе имаме годишнина која „Apple“, се разбира, планира да ја прослави во свој стил. Ова значи нов дизајн кој би можел да биде еден од најрадикалните досега.

Според информациите што ги објави Марк Гурман од „Bloomberg“, компанијата работи на револуционерен модел, а најзабележителен новитет е преклоплив „iPhone“. Овој модел би можел да дебитира истовремено со „iPhone 19 Pro“, а се очекува да донесе сосема нов правец во дизајнерската филозофија на компанијата.

Наводно, уредот ќе има значително повеќе стаклени површини, што сугерира или целосно стаклено тело, или можеби дури и екран што се обвиткува околу телото на уредот, во стилот на концептот „Xiaomi Mix Alpha“.

Идејата веќе постои

Идејата за стаклен „iPhone“ не е нова – уште во 2017-та година, тогашниот главен дизајнер Џони Ајв сонувал за уред направен од едно парче стакло, без никакви прекини во дизајнот.

Тој концепт никогаш не ја виде светлината на денот, но се чини дека „Apple“ конечно ја има технологијата и пазарните услови за да се обиде да го реализира.

Покрај долгорочните планови за 2027-ма година, Гурман носи и информации од „Apple“ за неодамнешните модели. „iPhone 17 Pro“, кој доаѓа во 2025-та година, ќе го изгуби двобојниот изглед што го покажаа раните рендери – „Apple“ ќе го задржи монохроматскиот финиш што го имаат сегашните модели од серијата „16 Pro“.

Дополнително, модулите на камерата ќе бидат поставени на значително поголем „остров“ кој ја опфаќа целата ширина на задниот дел, што не само што го менува изгледот туку овозможува и подобри перформанси на камерата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП