3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Црна Гора зголемена за 1,2 проценти

Невработеноста во Црна Гора зголемена за 1,2 проценти

crnagora4

Во Црна Гора, според податоците на Заводот за вработување, минатиот месец се пријавиле 33,670 невработени лица, што е за 1,2 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Стапката на невработеност, според извештајот на Заводот за вработување, се зголемила од 14,34 на 14,51 проценти.

Најголемата стапка на невработеност во оваа земја, 32,7 проценти, беше забележана во јули 2000 година, додека најниската стапка на невработеност беше забележана во август 2009 година, 10,1 проценти.

Од почетокот на годината Заводот евидентирал вкупно 12,070 нови вработени лица, додека само во туристичката сезона биле вработени 10,430 лица.

Заводот од почетокот на оваа година регистрирал 319 приправници, а издадени се и 20,160 дозволи за работа на нерезиденти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП