13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстри контроли на цените во Венецуела

Остри контроли на цените во Венецуела

nikolasmaduro1

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека ќе ги заостри контролите на цените и ќе го ограничи профитирањето на компаниите.

Најавените мерки се најновиот обид на претседателот Мадуро да ја запре растечката инфлација, која ја загрозува поддршката на неговата влада.

Мадуро, исто така, вети дека ќе ги зголеми инспекциите во продавниците кои продаваат облека, обувки, автомобили и останата роба, за да се увери дека продавачите не ставаат прекумерни маржи, пренесува агенцијата АП.

Венецуелската влада минатата недела ја презема контролата над ланецот продавници за апарати за домаќинство и ги преполови неговите цени.

Претседателот, исто така, наведе дека ќе воведе општ лимит на профитот, доколку добие дозвола од Конгресот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП