17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕстонија излезе од рецесија

Естонија излезе од рецесија

estonija2

Естонија во третиот квартал излезе од краткорочната рецесија, со економски раст од 0,4 проценти, покажаа денес официјалните податоци соопштени во Талин.

Балтичката држава се извлече од рецесија благодарение пред се на трговијата, a силниот економски раст го пригуши забавувањето на активностите во градежниот сектор, наведува естонскиот Завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Главната причина која го кочи растот во Естонија е слабото меѓународно економско окружување, изјави главниот економист на Банката на Естонија, Каспар Оја.

Естонија во 2011 година стана првата членка на поранешниот советски блок која ја усвои заедничката европска валута.

Естонија во рецесија падна во вториот квартал, со негативен економски раст од 0,2 проценти, по падот од еден процент од претходниот квартал.

Растот на бруто домашниот производ (БДП) минатата година изнесуваше 3,9 проценти, по рекордните 9,6 проценти од 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП