7 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕПопуларниот пијалок кој може да го намали холестеролот и крвниот притисок

Популарниот пијалок кој може да го намали холестеролот и крвниот притисок

Еден популарен пијалок кој многумина го пијат за појадок, според истражувањата, може да помогне при два сериозни здравствени проблеми – висок холестерол и висок крвен притисок. И двете состојби значително го зголемуваат ризикот од мозочен и срцев удар, но може да се ублажат со промени во исхраната – намалување на внесот на заситени масти и сол.

Според истражувањето објавено во 2023-та година, пиењето две чаши сок од портокал дневно може значително да го намали вкупниот холестерол. Во истражувањето учествувале 129 луѓе на возраст меѓу 18 и 66 години, а оние кои го консумирале пијалокот дневно најмалку една година имале значително пониско ниво на холестерол, без разлика дали имале покачени вредности или не. Од друга страна, оние кои не го пиеле редовно сокот не ги покажале истите резултати.

„Сокот збогатен со хесперидин може да биде корисен додаток во регулирањето на крвниот притисок кај луѓето со лесна хипертензија“

Друга анализа, која опфати девет студии, откри дека овој пијалок може поволно да влијае на нивото на ЛДЛ, т.н. „лошиот“ холестерол, додека ефектите врз вкупниот холестерол и ХДЛ („добриот“ холестерол) не беа значајни. Кога станува збор за крвниот притисок, студија објавена во 2021-ва година покажа дека пиењето на овој пијалок во текот на 12 недели го намалува систолниот и пулсниот притисок.

Научниците напишаа: „Сокот збогатен со хесперидин може да биде корисен додаток во регулирањето на крвниот притисок кај луѓето со лесна хипертензија“.

Друга студија од 2013-та година покажа дека консумирањето на овој пијалок во текот на 60 дена, исто така, значително го намалува крвниот притисок. Истражувачите рекоа дека за луѓето со дијабетес или оние кои се обидуваат да изгубат тежина, исто така е важно да се земат предвид нивоата на шеќер во сокот.

Ако сте загрижени за нивото на холестерол или крвен притисок, препорачливо е да разговарате со вашиот лекар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП