28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораст на италијанското производство во септември

Пораст на италијанското производство во септември

industrija2

Италијанското индустриско производство во септември се зголеми по падот кој беше забележан во претходните два месеци, објавува италијанскиот институт за статистика ИСТАТ.

Производството во септември се зголеми за 0,2 проценти. ИСТАТ воедно ги ревидираше и податоците за август кои сега покажуваат пад на производството за 0,2 проценти, во однос на претходно прогнозираните 0,3 проценти.

Во третиот квартал, индустриското производство е намалено за 1,0 проценти, десети квартал по ред. Во периодот од април до јуни таа се намали за 0,9 проценти.

Третата во големина економија во еврозоната падна во рецесија во средината на 2011 година. Во вториот квартал активностите беа намалени за 0,3 проценти.

Податоците за третиот квартал ќе бидат објавени оваа недела, а се очекува дека ќе покажат продолжување на најдолгата италијанска рецесија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП