2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Telekom ја купи GTS Central Europe за 546 милиони евра

Deutsche Telekom ја купи GTS Central Europe за 546 милиони евра

dt telecom

Германскиот телекомуникациски гигант „Deutsche Telekom“ (DT) објави дека за 546 милиони евра го купил телекомуникацискиот провајдер „GTS Central Europe“ со седиште во Варшава.

Оваа трансакција ќе му овозможи на „DT“ во управувањето со работењето со оптичките фиксни линии и инфраструктурата во Источна Европа.

„GTS“ е провајдер на телекомуникациски услуги со мрежни и инфраструктурни центри за податоци, а фокусот на нудење услуги е насочен кон бизнис клиентите.

„DT“ објави дека дека компанијата ја купиле од страна на конзорциум на меѓународни компании со различен капитал (private equity), вклучувајќи ги „Columbia Capital“, „HarbourVest Partners“, „Innova Capital“ и „M/C Partners“.

„Во „Deutsche Telekom“ гледаме најдобар парнтер за „GTS“ и многу сме возбудени поради предностите и можностите кои оваа трансакција ќе им ги донесе на нашите клиенти и вработени“, вели шефот на „GTS“, Дени Ботомс.

„GTS“ е сопственик на мрежата на оптички кабли и центри за податоци во Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Словачка. Компанијата нуди и гласовни и услуги за податоци, како и услуги во „cloud computing“.

„DT“ објави дека имотот во Словачка ќе остане во сопственост на сегашниот сопственик. Останатите делови кои „GTS Europe“ ги купи во минатата година, остварија приход од 347 милиони евра и добивка, пред каматата, данокот, депресијација и амортизација од 87 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП