18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБОР: Побавен економски раст во 2014 година

ЕБОР: Побавен економски раст во 2014 година

ebor1

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека економското закрепнување на земјите кои ги користат банкарските кредити од оваа банка ќе бидат побавни од очекуваните.

Економскиот раст во 2014 година, според оценката на ЕБОР, ќе биде послаб од оној кој се очекуваше пред шест месеци, меѓу другото поради тоа што во еврозоната, и покрај неодамнешното закрепнување, се очекува слаб економски раст.

Прогнозата за 2013 година е намалена на два од 2,2 проценти, колку што се очекуваше во мај, по растот од 2,7 проценти во 2012 година, додека наредната година се очекува раст од 2,8 проценти наместо 3,2 проценти, се наведува во соопштението на ЕБОР.

Причина за слабата регионална прогноза е слабата странска побарувачка, слабиот потенцијал за раст, ограничените извори на финансирање на инвестициите и недовршените структурни реформи, наведува ЕБОР.

Намалувањето на прогнозата за економскиот раст во најголем дел е резултат на забавувањето на економијата на Русија, источна Европа и регионот на Кавказ, како и јужниот и источниот Медитеран, наведува ЕБОР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП