3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДоближете се до вашите потрошувачи

Доближете се до вашите потрошувачи

potroshuvachi1

Начините како купувачите одбираат од кого да ги купат производите и услугите се менуваат. Колку повеќе се приближувате до потенцијалните потрошувачи, толку се поголеми шансите за склучување на продажбата. Меѓутоа ова не значи дека треба да одите со директна продажба од врата на врата, бидејќи таквата стратегија не функционира повеќе поради тоа што луѓето се се позафатени и посвесни за нивната приватност.

Следните совети ќе Ви помогнат како да излезете пред потрошувачите, а тие да Ве пречекаат со раширени раце.

Вашиот купувач е кралот, не Вие

Некои бизнис сопственици знаат да бидат горди на себеси и производите и услугите кои ги нудат. Но, имајте го ова на ум, Вашиот купувач е кралот. Зошто? Бидејќи тие се изворот на Вашите приходи. Вие морате да го имате начинот на размислување и желбата за интеракција и поврзување со Вашите купувачи со цел да им се приближите.

Среќавајте се со купувачите лично

Технологиите како телефони, инстант пораки, мејлови или друштвените медиуми полека ги отстрануваат бариерите за комуникација и интеракција. Но, ништо не може да го победи среќавањето лице во лице. Личното среќавање им дозволува на купувачите да ги упатат нивните потреби директно до Вас и тоа покажува дека Вие се грижите.

Поставувајте прашања и слушајте

Прашањата не мора да бидат релевантни за Вашиот производ или услуга. Прашањата можат да бидат од секојдневието или поврзани со актуелни настани. Преку континуирано поставување прашања, ќе забележите дека почнувате да учите повеќе за Вашата заедница, како да започнете разговор и за што се заинтересирани Вашите купувачи. Сите тие информации подоцна ќе Ви помогнат да ја составите Вашата маркетинг порака.

Избегнувајте индустриски жаргон

Една голема маркетинг грешка која се прави често, особено во високо технолошките индустрии, каде премногу технолошкиот речник во главната маркетинг порака може само да ги збуни купувачите. Оставете ги техничките термини во спецификацијата на производот, а кажете им на корисниците како производот ќе им помогне.

Персонализирани маркетинг пораки

Испратете персонализирани роденденски пораки, обраќајте им се на Вашите купувачи по име и понудете им специјални попусти. Луѓето сакаат да бидат сакани. Доколку покажете дека се грижите и им обезбедите лично внимание, голема е веројатноста тие да се држат само до Вашиот производ бидејќи ќе Ве сметаат Вас и вашата компанија за блиски пријатели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП