1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

povrce

Вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во септември годинава изнесува 1.327.366.000 денари, што претставува зголемување за 63,6 проценти во споредба со септември лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 143,4 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 9,7 проценти.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи, според статистика, се забележува скоро кај сите земјоделски производи, а намалување кај житата, живината и јајцата, млекото и млечните производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП