3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Ниш – Американски Клинт ерт капитал напролет во 2014 година почнува со изградба на бизнис станбен комплекс Нов Ниш вреден 170 милиони евра.

Белград – Во Србија од следната година треба да почне производство на мобилен телефон наречен Тесла. За почеток ќе биде произведен во серија од 50.000 парчиња.

Сараево – Само еден отсто до два отсто жители на рурално области во БиХ директно се занимаваат со земјоделие, а околу шест отсто од нив зависат од таа дејност. БиХ е четврта најрурална држава во Европа зад Црна Гора, Ирска и Финска.

Љубљана – Групата Меркатор постигна договор со група банки-доверители за клучни услови за долгорочно реструктуирање на финансиските обврски.

Кардиф – Судејќи според една ветерница во Велс која месечно произведува струја вредна пет фунти, ќе мора да мине уште време додека зелената енергија не стане наша стварност.

Рим – Италијанската полиција заплени имот на бизнисмен вреден 300 милиони евра кој пријавил годишен приход од само четири евра.

Даблин – Ирска во следниот месе ќе биде прва членка на еврозоната која ќе излезе од програмата за помош/. Во крајот на 2010 година Ирска прими помош од 85 милијарди евра од ЕУ и ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП