2 април, 2025
ПочетнаКАРИЕРАДигиталните номади ги избраа најдобрите земји за живот - Црна Гора меѓу...

Дигиталните номади ги избраа најдобрите земји за живот – Црна Гора меѓу водечките

Работењето од плажа, планина или од некој европски плоштад веќе одамна не е само идеја, туку реалност за милиони професионалци ширум светот.

Дигиталните номади, како што се нарекуваат луѓето кои со помош на лаптоп и добра интернет конекција работат од различни делови на светот, секоја година избираат нови и интересни дестинации за престој.

Според најновото рангирање на „VisaGuide“ за 2025 година, една балканска земја го освои вниманието на глобалните работници.

Црна Гора се најде меѓу трите најдобри земји во светот за дигитални номади, веднаш зад Шпанија и Обединетите Арапски Емирати.
Причините за ова високо рангирање се разновидни – од поволните даночни услови до магичните природни убавини и привлечните трошоци за живот.

„Оваа мала држава на Јадранот има посебен шарм. Луѓето се гостопримливи, природата е неверојатна, а интернет-конекцијата е изненадувачки добра, дури и во помалите места,“ вели Џенифер Мур, дигитален маркетер од Австралија, која веќе осум месеци живее во Будва.

Освен Будва, меѓу најатрактивните локации се Котор и Тиват, кои благодарение на модерните coworking центри, достапните апартмани и големиот број кафулиња со бесплатен интернет, станаа регионален центар за дигитални професионалци.

„За мене е многу важно да работам покрај море и да уживам во слободата која ја овозможува ваквиот начин на живот. Во Будва најдов сè што ми треба – пријатна клима, стабилен интернет и пристапен живот“, споделува германскиот програмер Лукас Шмит.
На првото место од листата е Шпанија, земја која ги привлекува номадите со неверојатната култура, одличниот баланс помеѓу работата и слободното време, како и достапноста на визи специјално дизајнирани за оваа категорија работници.

„Шпанија е вистински рај за луѓе кои работат од далечина. Сите се многу отворени, опуштени и пријателски настроени. Можам да работам од кафуле во Барселона или од плажа во Малага, и тоа без никаков проблем“, истакнува Елена Мартињо, графички дизајнер од Бразил.

На листата од најпопуларни европски дестинации за дигитални номади се наоѓаат уште и Португалија, Унгарија и Романија, кои нудат добра инфраструктура и ниски трошоци за живот.

Особено Будимпешта и Букурешт во последните години привлекуваат сè поголем број странски професионалци, кои уживаат во европскиот дух без огромни трошоци.

Како што работата на далечина станува се поприсутен тренд, се очекува уште многу земји во Европа и пошироко да направат посебни политики за привлекување на дигитални номади.

За земјите како Црна Гора, ова претставува одлична шанса за промоција и економски раст.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП