2 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗТестовите се при крај: Пристигнува „Aston Martin“ со над 1.000 коњски сили!...

Тестовите се при крај: Пристигнува „Aston Martin“ со над 1.000 коњски сили! (ФОТО)

Британскиот производител на луксузни спортски автомобили „Aston Martin“ моментално ги спроведува последните тестови на новиот модел „Valhalla“ со 1.065 коњски сили.

„Aston Martin“ најавува и дека ќе произведе само 999 од овие возила, почнувајќи од вториот квартал оваа година.

Тестирањето се одвива на патиштата во Велика Британија и Шпанија, се вели во соопштението на производителот, пренесено од порталот „motor1.com“.

Автомобилот за време на тестирањето го возеше возачот на „Aston Martin“ и трикратниот победник на Ле Ман во 24 часа, Дарен Тарнер.

За време на тестовите, експертите беа ангажирани во последните прилагодувања на управувањето, активната аеродинамика и другите системи.

Новиот автомобил е plug-in хибрид и е придвижуван од 4.0-литарски V8 мотор со двојни турбополначи и 8-брзински менувач со двојна спојка (DCT) кој интегрира електричен мотор.

Максималната брзина на ова возило е ограничена на 350 километри на час, а забрзувањето од нула до 100 километри трае 2,5 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП