2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД и ЕУ ги продолжија преговорите за слободна трговија

САД и ЕУ ги продолжија преговорите за слободна трговија

eusad1

САД и ЕУ денес ги продолжија преговорите за формирање зона за слободна трговија и инвестиции.

Преговорите се одржуваат во атмосфера на незадоволство на Европа во врска со откривањето на тајната американска програма за електронска шпионажа и по привременото гасење на американските државни служби поради буџетскиот спор во Вашингтон.

Официјалните лица на двете страни изјавија дека придобивките од предложениоет договор за слободна трговија се преголеми и дека преговорите не можат да страдаат поради тоа, пренесува агенцијата АП.

Во текот на седум-дневниот состанок во Брисел, претставниците на ЕУ и САД ќе разговараат за инвестициите, енергијата, суровите материјали и регулаторните прашања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП