19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина одлучува за својата економска иднина

Кина одлучува за својата економска иднина

China Reform Hopes

Кинеските лидери овие денови одлучуваат за судбината на втората најголема светска економија, а една од главните теми на четиридневниот состанок е пресвртот кон иновации.

Економскиот гигант чија сила со децении се основа на најголемото производство на планетата во последно време се соочува со забавување на растот, а лидерите сакаат со новиот десетгодишен план и економските реформи повторно да го забрзаат растот и да се искачат на првото место.

„Лидерите ги разгледуваат предлозите за олабавување на бизнис регулативата на пазарот за пари и стока. Водството на Кина го прифати тоа што западните аналитичари го зборуваат со години, дека моделот кој ја подигна Кина на врвот веќе се потрошил“, наведуваат агенциите.

Неофицијално, на масата се наоѓаат повеќе од 300 предлози, а меѓу нив се зголемените инвестиции во развојот и иновациите, дополнителна контрола на производството, но и пресметката со државните компании и елитата која има најмногу функции во нив.

„Старите огромни претпријатија и денес се значаен дел од економијата, иако зависат од државните субвенции, а на удар би можел да се најде и контроверзниот и архаичен систем „хукоу“, кој практично спречува милиони лица да се преселат во потрага за подобро образование и работа“, велат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП